Снежно невреме што денеска го зафати источниот, атлански брег на САД, предизвика откажување на летови, гужви на патиштата и затворање на училишта и институции, додека силни ветрови дуваа во средниот дел на земјата. Студениот
бран однесе најмалку десет животи досега.
Се очекува дека првиот поголем снег на источниот брег ќе достигне височина oд 20 сантиметри во северна Вирџинија, Мериленд, Пенсилванија, Делавер, како и на југот на Нова Англија. Снежната луња досега мина низ Вашингтон, каде се затворени канцелариите на сојузната влада. Во соседниот Делавер, гувернерот донел одлука да се затворат канцелариите на државната управа и ги предупреди жителите да не излегуваат на лизгавите улици.
Низ улиците во Њу Џерси има бројни тешки сообраќајни несреќи, вклучувајќи и една приколка и автобус кои излетале од автопат. Болнички извори во Оклахома соопштуваат дека зимското невреме предизвикало смрт на најмалку десет лица, кои настрадале во сообраќајни несреќи или паднале во студена вода.
Њујорк поради снегот прогласи вонредна состојва, а властите на улиците пратиле 365 возила за фрлање сол, 282 ратрака и 1.800 помали возила за чистење на снегот. Аеродромите во Њујорк се затворени, исто како во поголемиот дел на САД. Откажани се 1600 летови, повеќето во Њуарк, Њу Џерси, Филадефија и Њујорк.
Новата снежна луња уследи по обилниот снег кон во текот на викендот и во понеделникот напаѓа во поголемиот дел на САД, достигнувајќи височина од 20 сантиметри, а во некои подрачја и повеќе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.