| четврток, 6 декември 2018 |

Дански министер си заминува заради лага

danskiДанскиот министер за правда Мортен Бодскоу денеска соопшти дека ќе поднесе оставка на функцијата, откако беше обелоденето дека лажел во Парламентот со цел да одложи посета на група пратеници на една озлогласена населба на Копенхаген, пренесува МИА

Бодскоу изјави дека чувствува должност да поднесе оставка затоа што „мнозинството во Парламентот повеќе нема доверба во него“.

Скандалот со Бодскоу се однесува на негово тврдење во Парламентот во февруари минатата година дека началниот на полицијата не е во можност да ги придружува пратениците при планираната посетата на населбата Христијанија, поради што таа била одложена. Ваквото тврдење сега се покажа како невистинито, пради што министерот се најде на удар на критики од опозицијата и медиумите.

Бодскоу прецизираше дека ќе и ја достави оставката на премиерката Хеле Торнинг-Шмит, веднаш по нејзиното враќање од Јужна Африка каде денеска присуствуваше на комеморативната церемонија по повод смртта на поранешниот јужноафрикаснки претседател Нелсон Мандела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top