| четврток, 6 декември 2018 |

Србија: Ископување на масовна гробница

410410_rudnice01fonetfonetapf_fСрпското Обвинителство за воени злосторства и Комисијата за исчезнати лица почнаа со ископување на локација во селото Рудница во близина на границата на Србија со Косово, за каде постои сомнеж дека има масовна гробница во која се погребани околу 250 лица.
Ископувањата се вршат со методите на судска археологија, со цел да биде утврдена веродостојноста на изјавите на сведоци дека на таа локација има масовна гробница.
На првичната проверка присуствувале членови на српската владина Комисија за исчезнати лица и на косовската Работна група за исчезнати лица, како и претставници на српското Министерство за внатрешни работи, на Мисијата на Европската унија во Косово (ЕУЛЕКС) и на Меѓународниот црвен крст.
Според изјави на сведоци, во селото Рудница, во близина на Рашка, се наоѓаат останките на околу 250 косовски Албанци. Обвинителството за воени злосторства претпоставува дека телата тука се префрлени при повлекувањето на српските сили од Косово во 1999 година, а операцијата била раководена од специјалните полициски сили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top