Македонците во Албанија формираа уште едно друштво, „Прегор“, и тоа веќе е регистрирано во Основниот суд во Тирана. „Прегор“ е со седиште во Подградец а претседател е Петар Шкмби (Спировски), пренесе МИА. Тој најави тесна соработка со огранокот на македонското друштво „Преспа“ за Подградец со цел што подобра интеграција на Македонците од ова подрачје во албанското општество.
– Нашата цел како друштво ќе биде интеграција во институциите на системот во Албанија и зачувување на нашиот македонски идентитет, култура, јазик, фолклор и обичаи во поширокиот регион на Подградец- изјави Шкмби.
Во Подградец има голема концентрација на Македонци, дел староседелци, дел доселени од охридско-струшкиот регион, дел од областите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора. Доселени Македонци има и од селото Врбник, од околијата Девол, како и од повеќе села од околијата Подградец, како Лин, Тушемиште и други села.
Македонците во Албанија се организирани и во друштвата Преспа“, „Илинден“, „Мир“, „Мед“, „Гора“ и „Мост“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија


