| четврток, 6 декември 2018 |

Средба Николиќ- Обама: Инстаграм- дипломатија на комеморација

toma2„Претседателот Николиќ со претседателот на САД Барак Обама“. Оваа фотографија е поставена на Инстаграм на профилот на „ПретседателРС“. Според текстот „Николиќ во разговорот рече дека почнувањето на преговорите во јануари е логичен редослед на европскиот пат на Србија. Обама нагласи дека е неопходно да се продолжи конструктивниот дијалог меѓу Белград и Приштина, а Николиќ додал дека постои подготвеност на Србија да се продолжи со дијалогот и дека Србија е искрено посветена на пријателските односи со сите народи кои живеат на Балканот“.

Меѓу коментарите под фотографијата има и такви кои велат „Имам впечаток дека Тома нема раце да измие со денови“ или пак „Сега Тадиќ ќе му завидува“.

Бидејќи фотаграфијата е за време на комеморацијата за Нелсон Мандела, еден од коментарите, веројатно заради насмеаните ликови на претседателите коментира „Во фазон кого го заболе за Мандела“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top