| четврток, 6 декември 2018 |

Руфи Османи: СДСМ нема легитимитет да ги бојкотира локалните избори

Актуелните градоначалници од СДСМ интензивно се подготвуваат за локалните избори, анализира Османи

Лидерот на НДП, Руфи Османи во интервју за Утрински весник вели декаСДСМ нема легитмитет да ги бојкотира локалните избори.
„Идејата за бојкот на изборите е депласирана и без политички легитимитет особено за СДСМ, бидејќи токму оваа партија во 1994 година ја игнорираше тогашната опозиција и без нивна партиципација ја управуваше земјата до 1998 година“.

Османи со Заев пред една година

Османи со Заев пред една година

„Ако се анализираат изјавите на градоначалниците на Струмица, Карпош, Куманово и на Охрид, станува јасно дека тие интензивно се подготвуваат за наредните локални избори. Лично им препорачувам да учествуваат на локалните избори независно од проблемите со кои сите се соочуваме и по локалните избори да добијат политички кредибилитет, па заедно да побараме предвремени парламентарни избори“, го пренесува ставот на Руфи Османи Утрински весник.

Тој додава дека власта нема никакви причини да го прифати барањето за предвремени парламентарни избори заедно со локалните. „Реално гледано, нема можност да се прифати барање за организирање заеднички избори во март, бидејќи нема време и власта нема аргументи зашто да оди на избори во смисла на економија и добивање датум за преговори со ЕУ“ додава Османи за Утрински весник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top