
Луксузната двојазична монографија со наслов „Прекрасна Македонија“, во издание на „Трето уво“, веќе е пуштена во продажба.
Природните убавини, културно-историското наследство, артефактите и традицијата на земјата, сѐ претставени во книгата и ДВД-изданието на монографијата, а може да се најдат на македонски и на англиски јазик.
На промоцијата, менаџерот Иво Јанковски како претставник од „Трето уво“, истакна дека монографијата презентира веќе познати, но и многу нови откритија, артефакти и вредности, иако е наменета во прв ред за странскиот читател, сепак таа во исто време ја збогатува и национална свест за нас самите и нашето место во историјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


