Непознат арамија дошол со скала во куќа во село Трубарево, скопско се качил до прозорецот од тоалетот и влегол внатре. Пребарувајќи нашол пари и накит вредни околу 3200 евра.
Според полицијата завчера во село Трубарево, скопско, во куќа сопственост на Ф.В.(45), извршена е тешка кражба на тој начин што непознат сторител качувајќи се на дрвена скала го отворил прозорот од тоалетот на катот од куќата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел 1.400 евра и разновиден златен накит. Со тешката кражба причинета е материјална штета од околу 200.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.