| четврток, 6 декември 2018 |

Киев: Повторно затворени метроата поради дојави за експлозиви

Метрото „Плоштад на независност“ во Киев е затворено трет пат во изминатото деноноќие поради закана дека таму е поставено експлозивно средство. Од истата причина е одново затворена и соседната метро станица „Крешчатик“.

Во подземната железница веќе работат тимови на милицијата и деминери. Од проверките ќе биде јасно со каков распоред ќе работи киевското метро.

Вчера анонимен сигнал за поставени експлозиви наложи да бидат затворени три метростаници во градот – „Театралнаја“, „Крешчатик“ и „Плоштад независност“. Седум часа подоцна тие беа отворени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top