| четврток, 6 декември 2018 |

Незадоволен кандидат вербално го нападна жирито на „Икс-фактор“

– Јас дојдов само да ви кажам дека не е во ред ова што го направивте. Не требаше вака да направите! Не разбирам… Објаснете ми зошто сте го направиле ова! – со овие разлутениот кандидат бесно упаднал во просториите на жирито.

x-factor-1386520054-409341

Напнатоста во втората фаза на музичкото шоу „Икс-фактор“, таканаречениот „Регрутен камп“, е сѐ поголема. Бројката од 130 натпреварувачи во вторник ќе биде намалена на 24, кои ќе продолжат понатаму во „домовите“ на судиите.

25-годишниот натпреварувач во друштво на водителите дошол во апартманот каде што жирито во паузите од снимањето одморало и веднаш го изразил своето незадоволство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top