Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, денеска доаѓа во официјална посета на Скопје и ќе се сретне со својот колега Коце Трајановски. Бутарис е познат грчки бизнисмен и политичар, основач на еколошка партија во Грција.
Тој во Скопје треба да ги презентира економските, туристичките и културните можности на Солун.
На иницијатива на економско-трговското одделение од канцеларијата за врски на Грција, на Градот Солун, во соработка со Стопанската комора на Македонија, пред компаниите – членки на Комората на Македонија ќе бидат промовирани областите кои Солун ги има дефинирано како можност за унапредување на билатералната соработка во иднина. Тој заедно со претседателот на македонската Стопанската комора, Бранко Азески, ќе го отворат работниот состанок на кој ќе присуствуваат туристички агенции, компании од различни области, претставници на медиумите од јужниот сосед, но и македонски фирми.
Ова е прва посета на Скопје на солунскиот градоначалник на Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.