| четврток, 6 декември 2018 |

ДУИ : Условите на Црвенковски ја надминаа секоја мерка

Сепак, официјални коментари ќе има по состанокот на централното претседателство

Црвенковски претерал, го пренесува весникот Дневник ставот на високи функционери на ДУИ. Според весникот, коментарите во владејачката албанска партија се дека е недозволиво опозиијата не само да менува министри, туку и да бара новоназначените да бидат по нејзин вкус.

Црвенковски во Мала Речица 2009

Црвенковски во Мала Речица 2009

Извори од партијата посочиле дека барањето е осудено на фијаско и дека тешко веројатно е дека ќе добие виза од Ахмети. Сепак, изостануваат официјални коментари пред утрешниот состанок на централното претседателство на партијата.

Од ДУИ велат дека позиционирањето на владејачката коалиција и одоговорот на условите на Црвенковски ќе следат по средбата меѓу Груевски и Ахмети. За сега само нагласиле дека е можно да разговараат за имплементација на препораките на ОБСЕ и ОДИХР, бидејќи тоа е во рамките на законите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top