Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во земјава се одвива тековно, претежно по суви коловози, мали остатоци од кашест снег има само на повисоките осојничави места, но истите се опесочени и не претставуваат проблем за одвивање на сообраќајот.
Поради ниската температура, можни се подмрзнувања на делови од коловозите. Во клисурите и усеците се можни помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово и Катланово – Велес.
Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се на терен и редовно ги одржуваат проодни сите патни правци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.