| четврток, 6 декември 2018 |

Благоја Грујовски: Порано и жена ми доаѓаше со мене на настапи

BlagojaGrujovski

Фолк-пејачот Благоја Грујовски, кој годинава слави 20-годишен јубилеј од кариерата, работи на нов материјал кој треба да излезе наскоро, а во исто време ќе издаде и аудиоиздание од концертот што го одржа во април, со што планира да ја заокружи оваа плодна професионална година, пишува Вечер.

– Годинава ќе ја заокружам со двоен албум. Ќе издадам цеде со песни, некои од нив ќе бидат нови, дел се веќе познати хитови, а во склоп на новиот албум ќе го промовирам и аудиоизданието од концертот што го одржав во Универзална сала – вели Грујовски.
Освен што работи на нов материјал, Благоја, исто така, има и полна агенда кога се во прашање настапите и тезгите.

– Константно настапувам. Речиси секоја вечер имам по некоја тезга. Имам среќа што имам сопруга која ја разбира мојата професија и на која не ѝ пречат ноќните отсуства. Се трудам преку ден да надоместам за тоа што ме нема ноќе. Порано доаѓаше и таа со мене на настапи, но сега веќе не може да го издржи тоа темпо на живот, бидејќи навистина е напорно – објаснува фолкерот.

Освен музиката, голема страст на Грујовски е и фотографијата. По микрофонот, апаратот е втора негова љубов.

– Фотографијата е моја голема пасија и желба. Не го работам тоа професионално бидејќи сепак музиката ми е на прво место. Најчесто им правам фотосесии на мои колеги. Можам да се пофалам дека досега сум ги сликал Наум Петревски, Елена Велевска, Анета Наковска и сите биле задоволни од финалниот производ – заврши Грујовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top