Популарниот глумец, Бен Афлек е свесен дека тој и неговата сопруга, Џенифер Гарнер, привлекуваат внимание каде и да се појават, меѓутоа смета дека не е во ред неговите деца Вајолет (8), Серафина (4) и Семјуел (1,5) да бидат медиумски ѕвезди. Поради тоа, актерот ги нападнал папараците кои пробувале да ги фотографираат неговите деца.
-Можете да речете што сакате за мене. Може да ме пратите било каде и да ме фотографирате колку сакате. Тоа не ме интересира, но погрешно и одвратно е да се фотографираат децата и нивните слики да се продаваат за пари – изјавил Афлек за магазинот „Плејбој“.
Тој смета дека ниедно дете не треба да биде под светло на рефлекторите, се додека сами не се одлучат на таков чекор.
-Моите деца не се славни личности. Не биле никогаш. Како татко, должност ми е да ги заштитам од медиумите. Вложувам голем напор и понекогаш успевам – додава Афлек.
Во август 2013 година, сопругата на Афлек, Џенифер Афлек и нејзината колешка Хали Бери го поддржаа законот кој овозможува приватност на децата од познати родители. Од почетокот на 2014 година, папарацо кој ќе фотографира деца на славни личности може да добие и година затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


