Боречката организација на Сараевско – романскиот регион денеска соопшти дека ја поддржува акцијата „ Ден за љубов во Јахорина“, но се противи на таа манифестација да учествува актерот Сергеј Трифуновиќ, пишува српскиот весник „ Блиц “.
Во соопштението упатено до Олимпискиот центар Јахорина и компанијата М:тел, кои на 14 декември ќе ја организираат оваа акција, борците на Сараевско – романскиот регион известуваат дека Трифуновиќ е „ непожелна личност на ова подрачје “.
Тие замеруваат поради пријателството на Трифуновиќ со генералот на Армијата на БиХ, Јован Дивјак, кого го сметаат за еден од најголемите воени злосторници против српскиот народ во БиХ.
-Трифуновиќ никогаш не се извини за своите постапки, барем на семејствата од погинатите и масакрираните момчиња кои сакаа само мирно да излезат од Сараево и да се вратат во своите домови во Република Српска и во својата родна земја Србија – се вели во соопштението.
Борците го повикаа актерот јавно да се извини и да положи цвеќе на нивните гробови и на улицата „ Добровољачка“ кадешто неговиот пријател извршил масакр врз невини припадници на ЈНА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


