| четврток, 6 декември 2018 |

Албанија лидер во сообраќајки во Европа

Во сообраќајни несреќи кои се случуваат по албанските патишта, годишно во просек животот го губат по 315 лица.

Ова за весникот „Газета шкиптаре“ го тврди експертот од оваа област, Борис Миска, од Институтот за статистика на Албанија.

– Според официјалната ститистика, во сообраќајни несреќи, годишно во просек во земјава животот го губат по 315 лица, стотици се повредени, а дел остануваат и со траен инвалидитет. За жал од година во година бројот на жртвите расте. Само во првата половина од годинава регистрирани се 1.104 сообраќајки, со 155 жртви и 1.362 повредени – тврди Миска.

Според него, споредено со земјите од западна и централна Европа бројот на сообраќајните несреќи во Албанија е 3,5 пати повисок.

– Сообраќајните несреќи кај нас се претворија во „епидемија“ но многу малку се прави за нивно намалување. По патиштата во нашата земја речиси секојдневно се случуваат сообраќајки а последиците се се потрагични – оценува Миска.

Во перидот од 17 октовмри до 17 ноември во Албанија се случиле 163 сообраќајни несреќи во кои животот го загубиле 20 лица, 27 се тешко, а 168 лица се полесно повредени.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top