| четврток, 6 декември 2018 |

Линѕи Вон во аут до крајот на годината, има скршеница на ногата и скинати лигаменти

Американската шампионка Линѕи Вон има две тешки повреди и ќе паузира до крајот на годината, откако претрпе страотен пад на велеслаломската трка во Шладминг, на СП.

Вон ги скина лигаментите на коленото, а згора на се има и скршеница на ногата.

Таа падна на премиерната трка од светското првенство во Шладминг, вчера, а мораше да биде пренесена во болница со хеликоптер.

Вон нема да скија до крајот на сезоната, а се надева дека ќе биде подготвена за настап на следните зимски олимписки игри во Сочи, следната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top