Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставревски, попладнево оствари средба со бизнисмените од Делчево, а се дискутирало за проекциите на Буџетот за 2014 година, мерките што ги презема Владата за подобрување на патната инфраструктура и стимулациите за зголемување на вработеноста во аграрот и во реалниот сектор.
На средбата присуствуваа и директорот на Царинската управа, Ванчо Каргов, како и градоначалникот и претседателот на Советот на Делчево, Дарко Шехтански и Драган Христов.
Делчевските бизнисмени ги истакнаа проблемите со кои се соочуваат во работењето, при што беше нагласен недостигот од квалитетна работна сила, особено во областа на текстилната индустрија.
Вечерва во Делчево, министерот Ставревски ќе има средба и со градоначалниците од источниот регион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.