Светската здравствена организација и УНИЦЕФ покренаа кампања за вакцинација на 23 милиони деца на Блискиот исток откако во Сирија се регистрирани 17 случаи на детска парализа.
Кампањата ќе биде досега најголема за вакцинација во регионот на Блискиот исток, се вели во соопштение од двете организации.
СЗО наведува дека вакцинацијата ќе биде спроведена во Египет, Ирак, Јордан, Либан, на Западниот брег во појасот Газа и во Турција. Вакцинацијата ќе се спроведе откако во Сирија беа откриени 17 заболувања кај деца од парализа што е прв случај од 1999 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.