| четврток, 6 декември 2018 |

Сестри нарачале убиство на бизнисмен поради стан во Хрватска

pistol pari

Сандра и Марија Ј. две сестри близначки од Белорусија кои живеат во Хрватска, нарачале убиство на угостител од соседниот град Ровињ, со кој една од нив била во врска.

Овие близначки од пеколот убиството го планирале од чисто материјален интерес бидејќи едната која била во врска со бизнисменот сакала да му ги земе парите и станот во кој живееле заедно.

– „Девојките се класични спонзоруши и очигледно се подготвени на се. Но, кој можел и да сонува дека ќе отидат толку далеку“, изјавил еден нивен познаник за Јутарњи лист.

Тие најмиле младо момче да го убие човекот, а кога тоа се исплашило и него му се заканиле. Девојките се веќе зад решетки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top