
Цариниците на граничниот премин Блаце во текот на викендот открија обид за шверц на 195 штеки цигари. Во саботата околу 17 часот попладне, на граничниот премин Блаце на влез во Република Македонија за царинска контрола се пријави автобус со турски регистарски ознаки, сопственост на турската транспортна компанија кој сообраќа на редовна линија од Република Косово за Република Турција и обратно. Во автобусот како член на посадата патувало и осомниченото лице – црногорски државјанин. На прашање од страна на царинските инспектори од Одделението за оперативни работи дали има нешто да пријави за царинска контрола осомничениот одговорил дека нема ништо за пријавување. При контрола на автобусот во сандакот кој се наоѓа веднаш зад задното лево тркало, пронајдени се 195 штеки цигари со косовски акцизни маркици покриени со кафеав картон. За пронајдените цигари осмниченото лице изјави дека се негова сопственост.
Според информациите, осомниченото лице работи како член на посадата во турското транспортно претпријатие веќе два месеци, а се договорило со лице во Бугарија да ги шверцува цигарите за што ќе добие награда. Цигарите ги набавил во Косово.
На сторителот му е одредена мерка притвор од 8 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


