
Билети на албанската авиокомпанија „Беле ер“, која е во стечај, се продавани и во земјава од неколку туристички агенции, објави „Кајгана“.
Нема точен податок за тоа колку граѓани заглавиле поради билетите на оваа авиокомпанија, но се наведува дека билети на пропаднатата авиокомпанија се продавале во Дебар, Струга, Тетово, Гостивар и во други македонски градови.
Во Тирана денеска е соопштено дека само по стечајот се продадени над 52 илјади билети, додека, пак, долговите на оваа компанија, која имаше бројни летови од Албанија кон европските центри, се проценуваат на над 10 милиони евра.
Компанијата,како што е соопштено, поради продажбата на билети по прогласениот стечај,ќе биде покрената кривична одговорност против раководството на компанијата .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


