Десет македонски компании од денеска до петок учествуваат на водечката светска саемска манифестација за бизнис со свежо овошје и зеленчук „Фруит Логистика 2013“ во Берлин.
Нивните претставници ќе имаат можност да се сретнат со потенцијални купувачи, дистрибутери, консолидатори и продавачи на големо, како и да ги испитаат можностите за нови стратегиски партнерства и нови пазари.
Македонските водечки компании од индустријата за овошје и зеленчук ќе имаат и можност да го зголемат знаењето за најновите технологии и управувачки практики за подобрување на продуктивноста и зголемување на конкурентноста.
Престојот и учеството на „Фруит Логистика 2013“ го организира Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал и проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот (ИДЕАС).
Извор: утрински
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин
-
По Париз, денеска протести и во Берлин: Незадоволство од цените на станарините
-
Вучиќ во Берлин ќе се сретне со Меркел