| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски денеска кај Ромпуј во Брисел

gruevski rompujПремиерот Никола Груевски, како што е најавено, денеска во Брисел ќе се сретне со претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј.

Денешната средба се одржува на десет дена пред Самитот на Советот, а по повеќе од еден месец по последната посета на Брисел и средбата со еврокомесарот Штефан Филе.

Тема на посетата  на Груевски на челникот на Европската унија е можноста да се влијае за прифаќање на петтата последователна препорака на Европската комисија за Македонија да ги почне преговорите за членство во Унијата. Иако улогата на првиот човек на Советот е повеќе формална и тој само го модерира состанокот на кој одлучуваат шефовите на државите и владите на змејите-членки на ЕУ, сепак, поранешниот белгиски премиер Ромпуј може да влијае нашата земја да добие добар заклучок кој ќе дава надеж за скорешен почеток на пристапните преговори.

Заклучокот за Македонија ќе биде договорен на 17 декември на состанокот меѓу министрите за надворешни работи на Советот за општи работи на Европската унија. Засега, на пониските работни групи на Советот, по инсистирање на Грција, договорено е за македонската евроинтегративна иднина да се донесе сличен заклучок како во 2009 година, кога беше забележано дека Советот ја нотира препораката за отворање на преговорите со земјата, но на ова прашање ќе се врати за време на следното претседателство”.

Груевски според агендата за посетата на Брисел ќе учествува на форумот во организација на европската канцеларија на германската невладина организација Конрад Аденауер, најавени се неколку средба со амбасадори на земјите-членки на Европската унија, како и посета на Универзитетската клиника во градот Лувен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top