| четврток, 6 декември 2018 |

Потрошувачко лудило со попуст

Македонците станаа зависници од групно купување на интернет

Од­мор со 60 про­цен­ти по­пуст, ру­чек во ре­сто­ран со 70 про­цен­ти по­пуст, трет­ман во Са­лон за уба­ви­на на 67 про­цен­ти по­пуст… Ова е но­ва­та ма­ни­ја што вла­дее во зем­ја­ва – ку­пу­ва­ње на гру­пен по­пуст. Сѐ поч­на на по­че­то­кот на 2011 го­ди­на, ко­га се по­ја­ви­ја „Гру­пер“ (Grouper) и „Ко­ле­кти­ва“, стра­ни­ци­те за груп­но ку­пу­ва­ње. От­то­гаш поч­на да се ши­ри „за­ра­за­та“ ку­пу­ва­ње пре­ку ин­тер­нет. Де­нес има де­се­ти­на ва­кви ин­тер­нет-стра­ни­ци,  лу­ѓе­то, бу­квал­но, ста­наа за­вис­ни­ци од груп­но­то па­за­ре­ње. Не­кои ве­лат си­ро­ма­шти­ја­та нѐ те­ра се­ка­де ка­де што мо­же­ме да иско­ри­сти­ме по­пуст, дру­ги, пак, на ова гле­да­ат на не­кој вид по­мо­дарс­тво.

– Са­кам да одам на трет­ман на ли­це, но ќе по­че­кам, „Ко­ле­кти­ва“ или „Гру­пер“, си­гур­но, ќе има­ат не­кој по­пуст – оваа е чест му­а­бет ме­ѓу при­ја­тел­ки­те.

Сопс­тве­ни­ци­те се пре­за­до­вол­ни

Кол­ку рас­те ин­те­ре­сот за ку­пу­ва­ње пре­ку стра­ни­ци­те за груп­ни по­пу­сти, што нај­че­сто са­ка­ат лу­ѓе­то да ку­пу­ва­ат – на оваа те­ма раз­го­ва­ра­ме со дел од сопс­тве­ни­ци­те на ва­кви ин­тер­нет-стра­ни­ци. Пр­ва­та ва­ква стра­ни­ца што се отво­ри во зем­ја­ва е „Гру­пер“. Еден ме­сец по­доц­на се по­ја­ви „Ко­ле­кти­ва“.  От­та­му ве­лат де­ка ин­те­ре­сот по­сто­ја­но рас­те, здел­ки­те бр­зо се ши­рат, има по­сто­ја­ни ку­пу­ва­чи.

Ни­на Ан­ге­лов­ска, ко­ја е ма­ги­стер по еко­ном­ски на­у­ки и ко­сопс­тве­ник и ос­но­вач на „Гру­пер“, ве­ли де­ка при истра­жу­ва­ње­то на неј­зи­на­та ма­ги­стер­ска те­ма дош­ла до соз­на­ние де­ка со веб-стра­ни­ци­те за груп­но ку­пу­ва­ња дра­стич­но се зго­ле­мил бро­јот на транс­ак­ции пре­ку ин­тер­нет.

– По­ра­ди не­до­вол­ни­от број кар­тич­ки и ви­со­ки­те про­ви­зии што ги имаа бан­ки­те Ма­ке­до­ни­ја за­о­ста­ну­ва­ше  во е-тр­го­ви­ја­та. Зна­чај­но разд­ви­жу­ва­ње во об­ла­ста на ин­тер­нет-ку­пу­ва­ње­то е за­бе­ле­жа­но  ду­ри во 2011 го­ди­на. Во де­кем­ври 2011 го­ди­на во оп­тек има­ло 1.450.340 кар­тич­ки. Во 2010 го­ди­на са­мо осум про­цен­ти от­па­ѓа на обрт на­пра­вен пре­ку пла­теж­ни кар­тич­ки, од нив са­мо еден про­цент е на е-транс­ак­ции. Со по­ја­ва­та на веб-стра­ни­ци­те за груп­но ку­пу­ва­ње бро­јот на транс­ак­ци­и­те на ин­тер­нет се зго­ле­ми за по­ве­ќе од 1.200 про­цен­ти во 2011 го­ди­на – ве­ли Ан­ге­лов­ска.

Таа се по­ви­ку­ва на ин­фор­ма­ци­и­те до­би­е­ни од „Ка­сис“, ин­тер­на­ци­о­на­лен цен­тар за обра­бо­тка, кој ра­бо­ти во Ма­ке­до­ни­ја  од 2002 го­ди­на, пре­ку кој се обра­бо­ту­ва­ат ре­чи­си си­те транс­ак­ции пре­ку ин­тер­нет, освен Ту­тун­ска бан­ка, ко­ја го ко­ри­сти кор­по­ра­тив­ни­от ин­тер­нет­ски си­стем за обра­бо­тка на НЛБ гру­па­ци­ја­та – Bankart. Спо­ред „Ка­сис“ во 2010 го­ди­на пре­ку пор­та­лот cPay Payment се на­пра­ве­ни вкуп­но 11.000 е-транс­ак­ции, од кои 7.000 се ус­пеш­ни. Во 2011 го­ди­на се на­пра­ве­ни вкуп­но 97.177 транс­ак­ции од кои 85.017 се ус­пеш­ни.

– Од тие 85.017 транс­ак­ции ед­на тре­ти­на се од веб-стра­ни­ци за груп­ни по­пу­сти. „Гру­пер“ има 55 про­цен­ти од тоа – до­да­ва таа по­со­чу­вај­ќи де­ка број­ка­та е зна­чи­тел­но зго­ле­ме­на во 2012 го­ди­на.

„Ко­ле­кти­ва“ во пр­ви­от ден по поч­ну­ва­ње­то про­да­де по­ве­ќе од 470 ку­по­ни со 90 про­цен­ти по­пуст на гре­а­но ви­но на­ма­лу­вај­ќи ја це­на­та на 10 де­на­ри од мож­ни 90. Ин­те­рес има, бро­јот на ку­пу­ва­чи по­сто­ја­но рас­те.

– Кон­стант­но рас­те ба­за­та на по­тро­шу­ва­чи. Има­ме 100.000 ре­ги­стри­ра­ни е-адре­си и 70-80.000 ку­пу­ва­чи. По­ра­стот е уме­рен, при­ро­ден. На по­че­то­кот бе­ше лу­ди­ло, но се­га има­ме кон­стан­тен по­раст. Ни­што по­и­на­кви не сме од дру­ги­те зем­ји ка­де што по­стои на­ша­та гру­па­ци­ја. Не би ре­кол де­ка Ма­ке­до­ни­ја е за­ра­зе­на. Се од­не­су­ва исто ка­ко и дру­ги­те. Ние пра­ви­ме ана­ли­за на од­не­су­ва­ње­то на по­тро­шу­ва­чи­те. Има ин­те­рес за мно­гу ра­бо­ти, ова е емо­тив­но ку­пу­ва­ње на не­кој на­чин. Еве де­нес вр­не, про­даж­ба­та ќе би­де ма­ла – ве­ли  Ван­чо Ко­стур­ски, ме­на­џер во „Ко­ле­кти­ва“, ко­ја е ре­ги­стри­ра­на ка­ко ту­ри­стич­ка аген­ци­ја, што ја пра­ви единс­тве­на ов­ла­сте­на за про­даж­ба на ту­ри­стич­ки по­ну­ди. За ве­лиг­ден­ски­те праз­ни­ци се про­да­де­ни 1.700 аранж­ма­ни во Бу­га­ри­ја.

Јо­ви­ца Бе­лов­ски, сопс­тве­ник на веб-стра­ни­ца­та за груп­ни по­пу­сти  „Ку­пи на по­пуст“ ве­ли

де­ка од ден на ден овој на­чин на ку­пу­ва­ње ста­ну­ва сѐ по­ин­те­ре­сен и по­при­фат­лив од го­лем број по­тро­шу­ва­чи. Ве­ќе има го­лем број лу­ѓе што ре­дов­но ги сле­дат и ги ко­ри­стат нив­ни­те ус­лу­ги.

– Бла­го­да­ре­ние на кон­ти­ну­и­ра­на­та ин­ве­сти­ци­ја во про­мо­ци­ја­та на овој на­чин на ку­пу­ва­ње и овоз­мо­жу­ва­ње­то ин­те­рес­ни по­ну­ди со екск­лу­зи­вен по­пуст, сѐ е по­го­лем бро­јот на за­ин­те­ре­си­ра­ни ку­пу­ва­чи, а со тоа и на­ша­та ра­бо­та дра­стич­но рас­те. Најм­но­гу  има ин­те­рес за здрав­стве­ни­те ус­лу­ги, по­ну­ди­те за ре­сто­ра­ни, са­ло­ни за уба­ви­на, па­ту­ва­ња и за веж­ба­ње – до­да­ва Бе­лов­ски.
Спо­ред не­го, зна­чи­тел­но е зго­ле­мен бро­јот на фир­ми што се рас­по­ло­же­ни за со­ра­бо­тка и сѐ по­че­сто  са­ми по­ка­жу­ва­ат ин­те­рес за отво­ра­ње на не­ко­ја про­мо­тив­на по­ну­да.
– Ве­ру­ва­ме де­ка тоа се дол­жи на исп­лат­ли­ва­та ефе­ктив­на рек­ла­ма, ко­ја е без ни­ка­ков ри­зик и ко­ја ре­зул­ти­ра со зго­ле­мен број му­ште­рии, а во­ед­но и на­ша­та ве­шти­на во про­мо­ци­ја­та – ко­мен­ти­ра тој.
Ва­кви­те веб-стра­ни­ци се, де­фи­ни­тив­но, до­бар биз­нис, без пре­го­ле­ма ин­ве­сти­ци­ја. По­треб­но е ква­ли­те­тен мар­ке­тинг и до­бра стра­те­ги­ја за прив­ле­ку­ва­ње кли­ен­ти, а па­ри­те до­а­ѓа­ат бр­зо и мно­гу лес­но. Уп­ла­та­та до­а­ѓа ди­рект­но на сме­тка на стра­ни­ца­та за груп­ни по­пу­сти, нив­ни­те па­ри се обез­бе­де­ни, не­ма доц­не­ње со уп­ла­ти и проб­ле­ми со кли­ен­ти што ви дол­жат.

Фир­ми­те со по­де­ле­ни мис­ле­ња

Фир­ми­те се сог­ла­су­ва­ат де­ка до­би­ва­ат ефе­ктив­на рек­ла­ма, но до­бар дел од нив не мо­же да си доз­во­ли тол­ку го­ле­ми по­пу­сти би­деј­ќи не­ма­ат тол­ку ви­со­ки мар­жи.

– Тре­ба да да­дам по­пуст по­ви­сок од 50 про­цен­ти, во сог­лас­ност со по­ли­ти­ка­та на овие стра­ни­ци. Тре­ба да да­дам про­цент и на стра­ни­ца­та пре­ку ко­ја ќе оди по­ну­да­та, а тој про­цент не е мал, за на крај јас да не мо­жам да си го по­кри­јам ос­нов­ни­от тро­шок за тоа. На крај, за­до­вол­ни се по­тро­шу­ва­чи­те, за­до­вол­на е стра­ни­ца­та за груп­но ку­пу­ва­ње, но е не­за­до­во­лен тој што ја да­ва ус­лу­га­та или го про­да­ва про­из­во­дот по це­на што е мно­гу по­ни­ска од ре­ал­на­та – ве­ли ед­на сопс­тве­нич­ка на фир­ма во Скоп­је.
Од дру­га стра­на, пак, не­кои од фир­ми­те сме­та­ат де­ка „шла­гот до­а­ѓа на крај“.

– Пред не­кој ме­сец  да­дов по­ну­да за ан­ти­це­лу­лит­ни трет­ма­ни на ед­на од стра­ни­ци­те за груп­ни по­пу­сти. Имав­ме мно­гу ус­пеш­на здел­ка. Се про­да­доа огро­мен број ку­по­ни. Не­мав ни­ка­ква за­ра­бо­тка од тоа, са­мо полн са­лон. Но, ве­ќе овој ме­сец ја гле­дам при­до­би­вка­та. Дел од тие кли­ен­ти што дој­доа пре­ку здел­ка­та про­дол­жи­ја со трет­ма­ни и еве тре­ти ме­сец ги ко­ри­стат ус­лу­ги­те по ре­дов­на це­на. Ед­но­став­но, бро­јот на по­сто­ја­ни му­ште­рии ми се зго­ле­му­ва – ве­ли сопс­тве­нич­ка­та на еден са­лон за уба­ви­на во Скоп­је.

Пред ед­на го­ди­на на па­за­рот се по­ја­ви и ед­на по­и­на­ква стра­ни­ца –„Са­кам по­пуст“ на ко­ја не­ма про­даж­ба пре­ку ин­тер­нет ту­ку бесп­лат­но пе­ча­те­ње ку­по­ни со кои на са­мо­то ме­сто до­би­ва­те одре­ден по­пуст. Сопс­тве­ни­кот Ра­тко Кан­чев­ски ве­ли де­ка нив­на­та цел­на гру­па е по­го­ле­ма со ог­лед на тоа де­ка се по­исп­лат­ли­ви за фир­ми што не­ма­ат ви­со­ки мар­жи.

– Ние не­ма­ме по­ли­ти­ка на по­пуст од нај­мал­ку 50 про­цен­ти. По­ра­ди тоа и има­ме по­го­ле­ма цел­на гру­па. За ед­на го­ди­на се от­пе­ча­те­ни ду­ри 144.000 ку­по­ни. Де­сет про­цен­ти да се иско­ри­сте­ни, јас сум за­до­во­лен. Лу­ѓе­то ба­ра­ат на­чин по­е­вти­но да се пре­хра­нат. За­тоа и по­ну­ди­те за ја­де­ње ни се нај­ба­ра­ни. Се­га има­ме и клуб-кар­тич­ка, па не­ма по­тре­ба од пе­ча­те­ње на ку­по­нот. Ед­но­став­но, со кар­тич­ка­та го до­би­ва­ат по­пу­стот од на­ша­та по­ну­да. Лу­ѓе­то ба­ра­ат по­ну­ди за бр­за хра­на, а не­о­дам­на имав­ме и не­кол­ку ба­ра­ња за те­ле­ви­зо­ри, на­пра­вив­ме та­ква здел­ка и од­лич­но по­ми­на. Ед­но­став­но, са­ка­ат да за­ште­дат па­ри – ве­ли Кан­чев­ски.

 Да­ли, на­ви­сти­на, за­ште­ду­ва­те?!
Нај­го­ле­ми и нај­вер­ни ку­пу­ва­чи на ин­тер­нет се мла­ди­те, но по­сто­ја­но рас­те број­ка­та и на по­во­зрас­ни­те, кои нај­че­сто се при­пад­нич­ки на по­неж­ни­от пол. Но, кол­ку ре­ал­но ва­кви­те стра­ни­ци им за­ште­ду­ва­ат па­ри на гра­ѓа­ни­те? На­пра­вив­ме ма­ла ан­ке­та со гра­ѓа­ни, глав­но же­ни, кои ги пра­шав­ме да­ли ги ко­ри­стат ус­лу­ги­те на овие стра­ни­ци и да­ли за­ште­ди­ле.

– По­ра­но по­сто­ја­но отво­рав ва­кви стра­ни­ци. Ба­рем ед­наш не­дел­но ку­пу­вав по не­кој ку­пон. Мно­гу е ед­но­став­но, по­ну­да­та те прив­ле­ку­ва, ја имаш кар­тич­ка­та кај те­бе, са­мо што си зел пла­та, пи­шу­ваш не­кол­ку број­ки и за­вр­ше­на ра­бо­та. Но, по не­кое вре­ме сфа­тив де­ка јас во­оп­што не за­ште­див па­ри. Ку­пив апа­рат за ма­са­жа, кој го имам иско­ри­сте­но са­мо ед­наш за шест ме­се­ци, ку­пив ку­по­ни за трет­ма­ни за уба­ви­на, кои, ре­ал­но, ни­ко­гаш не сум ги пра­ве­ла, ни­ту во ид­ни­на ќе ги пра­вам. Сфа­тив де­ка по­ну­да­та е прив­леч­на, се за­ле­ту­вам, а ре­ал­но тоа не се ра­бо­ти што би ги ку­пи­ла, па да ре­чам де­ка ете сум за­ште­ди­ла па­ри. Ра­ка на ср­це, ку­пив не­кол­ку ку­по­ни со кои ре­ал­но за­ште­див па­ри, но, ге­не­рал­но, по­ве­ќе по­тро­шив откол­ку што за­ште­див – Ве­ли Ма­ри­на Ни­ко­лов­ска, 30-го­диш­на прав­нич­ка.

Ли­ди­ја Мар­ков­ска, пак, ве­ли де­ка се­кој ден ги гле­да по­ну­ди­те со ог­лед на тоа де­ка ѝ при­стиг­ну­ва­ат на еле­ктрон­ска­та по­шта, но по­не­ко­гаш е из­не­на­де­на од це­ни­те би­деј­ќи, ре­ал­но, не­ма по­пуст.

– Не­о­дам­на ми при­стиг­на по­ра­ка со по­ну­да за по­пуст на та­пе­ти. Ви­дов де­ка на са­ма­та про­дав­ни­ца е за­ле­пе­на иста­та це­на ка­ко таа од по­пу­стот. Ина­ку, сум ку­пи­ла не­кол­ку ку­по­ни за ма­са­жа и за ру­чек. За­до­вол­на сум од ус­лу­га­та, но не сме­там де­ка сум за­ште­ди­ла од бу­џе­тот, ту­ку сум си доз­во­ли­ла не­што што по ре­дов­на це­на не би си го доз­во­ли­ла – ве­ли таа.

Има и та­кви што сме­та­ат де­ка има мно­гу атра­ктив­ни по­ну­ди, кои ви ги за­ште­ду­ва­ат па­ри­те, но има и по­ну­ди за ра­бо­ти што не вре­дат ни со по­пу­стот. Ели­за­бе­та Ар­сов­ска, 43-го­диш­на скоп­јан­ка, ве­ли де­ка се­ко­гаш е во тек со по­пу­сти­те на овие стра­ни­ци би­деј­ќи ре­дов­но ги до­би­ва ин­фор­ма­ци­и­те. Нај­че­сто ко­ри­сти ку­по­ни за коз­ме­тич­ки трет­ма­ни и за ру­чек и сме­та де­ка овие по­ну­ди се, на­ви­сти­на, по­вол­ни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top