Жените почесто доживуваат оргазам со мажи со помал полов орган – велат резултатите од истражувањето спроведено на 300 жени. Резултатите објавени во “The Journal of Sexual Medicine” откриваат дека третина од испитаниците сметаат дека големината не е пресудна, односно жените изјавиле дека доживувале вагинален оргазам почесто кога биле со партнери кои имаат помали полови органи.
Свое истражување претстави и магазинот “Men’s Health”, од каде го поставиле истото прашање на 3000 жени, од кои дури 60% тврдат дека големината не е важна за совршено доживување, а само 7% не биле задоволни со големината на пенисот на своите партнери.
Мажите често сакаат да се фалат со должината на својот пенис, но всушност неговата ширина е многу поважна за задоволството на жените. Женските чувствителни генитални ткива се сместени околу влезот во вагината – тоа се клиторисот и мочниот канал. Дури и Г-точката е сместена неколку сантиметри од отворот на вагината. Колку е поголем притисокот на овие структури, толку е поголемо нејзиното уживање. Од друга страна, долгиот пенис може да допира на вратот на матката, што воопшто не мора да биде удобно, а на некои жени им е и болно.
Главниот совет за мажите треба да биде да не размислуваат за големината, туку за начинот на кој ќе ја задоволат својата партнерка. Тајната лежи во предиграта, опуштеноста и великодушноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.