| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија денеска го празнува Свети Климент Охридски-Чудотворец

sveti-kliment_freska-od-veles-e1336373263172

Македонија во денеска го прославува Свети Климент Охридски-Чудотворец. Свети Климент се роди во Рим, а потекнуваше од царски род. Во младоста отпатува на Исток, каде што се запозна со верата во Христос.

Учители му беа самите апостоли. По враќањето во Рим беше избран за епископ во престолниот град. Подоцна, во времето на императорот Трајан, свети Климент беше протеран во Херсон, каде беше осуден на смрт и фрлен в море со камен околу вратот.
Пострада за Христа во 101 година. Своевремено, неговите мошти ги пронајдоа светите браќа Кирил и Методиј и ги пренесоа во Рим.
Свети Климент Охридски го носеше своето име по углед на овој голем Христов светилник.

По повод празникот, во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, денеска во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски” ќе ја додели наградата „Св. Климент Охридски” за 2013 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Државната награда „Св. Климент Охридски”, за остварување во областа на воспитанието и образованието, се доделува на проф. м-р Аџи Фида, педагог -методичар, наградата за остварување во областа на културата и уметноста, се доделува на доц. м-р Александра Мијалкова, примабалерина и за остварување во областа на здравството наградата се доделува на проф. д-р Никола Јанкуловски, дигестивен хирург и примариус д-р Коте Тосевски, специјалист ендодонт

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top