Не очекува сончево и пријатно време. Според прогнозата на Метеопро ветерот значително ќе ја намали брзината. Ќе преовладува западната компонента на струење на воздухот. Нé очекува и значително ниска утринска температура, која во котлините ќе се спушти до околу -6°С, а на повисоките места и до -9°С. Дневниот максимум сепак ќе достигне релативно висока вредност. Долж Повардарието ќе има вредност од 8°С во северниот дел, а до 10°С во јужниот дел од овој регион. Котлините во западниот дел од земјата ќе имаат максимум околу 6°С, а во источниот околу 7°С.
Во Скопје ќе имаме студено утро со минимална температура до -6°С. Дневниот максимум ќе достигне до 8°С. Ќе имаме претежно ведро и сончево време со релативно слаб западен и северозападен ветер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.