| четврток, 6 декември 2018 |

Два гола на Пандев во првото полувреме против Удинезе (видео)

Македонскиот интернационалец Горан Пандев одигра одлично прво полувреме против екипата на Удинезе во рамките на 15 коло од Серија А.

Пандев во Неапол ги постигна двата гола при крајот на првиот дел. Првиот гол го даде во 38 минута откако му асистираше Фернандез.

Три минути подоцна, Пандев постигна уште еден гол по асистенција на Игуан.

На полувреме се замина со резултат од 2-1, откако во 45 минута Удинезе го намали резултатот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top