
Руските истражни органи објавија дека рускиот пилот Рустем Шаликов, кој управувал со авионот кој минатиот месец се урна во Казан при што загинаа 52 лица, можно е да имал лажна дозвола за пилотирање, пишува агенцијата Асошиејтед прес.
Истражителите веруваат дека неколку пилоти кои работат за мали регионални авиокомпании во Русија не се правилно обучени, и дека најголем дел од нив набавиле лажни дозволи за пилотирање во центрите овластени од страна на државната авијациска агенција.
Пилотот кој управувал со Боингот што се урна дозволата ја добил од мал центар за тренинг кој е затворен веднаш по несреќата. Од истиот центар дозвола добил и неговиот копулот. Во меѓувреме бил откриен уште еден таков центар, па и тој бил затворен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


