
Навивачите на Панатанаикос истакнаа транспаренти со натписи„Усташи“ и „Косово е Албанија“ на натпреварот од осмото кола на Еврологата против Црвена Звезда со што ја шокираа јавноста во Србија.
Најпрво зад клупата на Звезда закачија транспратент „Усташи Gate 13“ а потоа извадија уште еден на кој пишуваше „Косово е Албанија. По нередите на трибините транспарентите се отстранети, а српскиот клуб чека и реакција од Евролигата поради тоа што било дозволен ваков испад.
Српската јавност е шокирана од инцидентот неверувајќи дека навивачките на Панатанаикос можат да направат вакво нешто поради фактот што српскиот тренер Жељко Обрадовиќ ја создаде историјата на овој клуб освојуваќи пет титули европски првак, 11 државни шампионати и седум купови. Пред него исто така значаен успех во овој клуб имаа и Божидар Маљковиќ и Дејан Бодирога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


