| четврток, 6 декември 2018 |

Северина се расплака на концертот во Сплит

Популарната хрватска пејачка Северина не можеше да ги задржи емоциите за време на нејзиниот настап во родниот град, па така на самиот почеток таа се расплака на сцената.

– Добро вечер Сплит. Уште не започнал концертот, а шминката веќе ми се растопи – рече Северина на почетокот на концертот.

– Сум била во многу градови, но овде секогаш се дава повеќе од срце и душа – додаде Севе.

Ова беше последниот концерт на хрватската пејачка од нејзината турнеја „Добредојде во клубот“ која започна на 23. март во Ријека.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top