Поранешниот американски соработник во Агенцијата за национална безбедност Едвард Сноуден наскоро ќе се обрати до членовите на Европскиот парламент преку видео линк, најави германскиот пратеник на Зелените, Јан Филип Албрехт.
Во изјава за „ЕуОбзервер“ тој вели дека Сноуден кого американските власти го бараат затоа што објави во медиуми податоци за тајни програми на американските разузнавачки служби, „ќе гостува“ во Комитетот за граѓански слободи на ЕП на 17 декември.
Сноуден сега е во Русија каде доби политички азил. Германскиот пратеник кој организирал обраќање на Сноуден до пратениците вели дека порашениот американски шпион ќе одговори на однапред поставени прашња.
– Говорот нема да оди во живо бидејќи тоа би ја открило локацијата на Сноуден, објасни Албрехт. Европскиот парламент во неколку наврати критикуваше за тајната програма на американската НСА разоткриена од Сноуден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


