Излезе првиот долгоочекуван сингл со наслов “Чалгиска”, од идниот албум на Каролина, “Македонско Девојче 2”.
Во февруари следната година Каролина ќе го претстави својот нов студиски албум „Македонско девојче 2“, а како прв сингл кој го најавува ова издание вчера беше претставена темата „Чалгиска“.
Вториот сингл од овој албум фановите на Каролина ќе можат да го чујат на почетокот на февруари, а нејзината концертна промоција на албумот ќе биде на петте концерти закажани за 20/21/22/23 и 24-ти февруари во МОБ
Албумот „Македонско девојче 2“ ќе биде пуштен во слободна продажба од 25-ти феврурари 2014 година.
Уживајте.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


