Во Тексас е направена досега најголемата куќа од слатки во која без проблем во неа може да живее петчлено семејство.
Куќата ја направија група волонтери, е од големи колични шеќер и брашно и речиси еден тон путер и 7.200 јајца. Тие исто така потрошиле и повеќе од 22 илјади бонбони.
Куќата влезе во Гинисовата книга на рекорди, а ја изгрдаија членовите на клубот “A&M Texas Traditions”. Изградена е за да послужи за собирање поарична помош за локалната болница.
– Ме импресионираше тој дух на заедништво кој се чувствуваше додека работевме. Луѓето се собраа заради важна причина и навистина многу работеа -, рече менаџерот на клубот.
Куќата е веќе туристичка атракција, досега туристите и донесоа 150.000 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


