| четврток, 6 декември 2018 |

Бодликав оклоп против метеж во градскиот превоз

Секој што го користи градскиот јавен превоз знае колку тоа може да биде непријатно патување поради големиот метеж. Дизајнерката Сју Минг Ченг, одлучна да го реши тој проблем, направи – бодликав елек што го чува вашиот личен
простор.

Имено, и нејзе и пречел метежот и постојаното возење со метро каде луѓето постојано се туркаат. Решена тоа да го промени, дошла на идеја како да го сочува својот личен простор.

Бодликавиот елек не може да го повреди оној со кого ќе дојде во контакт, но дава јасна порака: „Оддалечи се од мене“.

Ченг го направи елекот кога посетуваше дизајнерска работилница на Универзитетот во Сингапур, каде млади луѓе решаваат секојдневни проблеми. Елекот е направен од елстичен пластичног материјала, а предизвика голем интерес, па
дизајнерката планира да покрене масовно производство

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top