Македонските шоумени Игор Џамбазов и Љупчо-Бубо Kаров ќе бидат главните ѕвезди на четвртото издание на фестивалот „Балкан стендап“, кој ќе се одржи на 20 декември во скопскиот „Експо центар“.
Организаторите нагласуваат дека традиционалното хумористично шоу повеќе не е само обичен фестивал, туку празник на смеата и им порачуваат на фановите навреме да си обезбедат билет, оти, како што велат, просторот е ограничен, а реприза нема да има.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.