| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО ДПМНЕ: ЛДП ги напаѓа искрените пријатели на Македонија

vmro

Откако ја излажаа македонската јавност за наградата која Жерновски наводно ја добил од УНЕСКО, наместо да се извинат за грешката, ЛДП продолжува со напаѓање на искрените пријатели на Република Македонија, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Ваквиот однос на ЛДП претставува  срамно и класично рушење на државните интереси. Македонија секојдневно се бори за стекнување на се поголем број пријателски земји членки на Европската Унија, а преку вакви соопштенија само се навредуваат оние кои веќе ја признале Македонија под уставното име и се голема поддршка кога е во прашање евроинтеграцијата на земјата. Нема да не изненади ако овие соопштенија кај ЛДП доаѓаат преку мејл од соседна земја, а ЛДП само ги објавува одигрувајќи ја својата улога на петта колона“ “, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top