| четврток, 6 декември 2018 |

САД ќе забранат да се користат транс-мастите

Делумно хидрогенизираните масла кои се најголеми извори на транс мастите во процесираната храна, повеќе не се во категоријата на здрава се наведува во соопштението на Американската агенција за безбедност на храна и лекови ФДА

no-trans-fats

Транс мастите, кои вештачки се додаваат на храната за подобар вкус или подолг рок на траење, се многу штетни по здравјето и поради тоа нивното користење може да биде забрането во САД.

Американската агенција за храна и лекови ФДА презема чекори за забрана за користење на т.н. транс масти во производство на прехранбени производи, како пуканки за печење во микробранова печка или замрзнати пици. Како што пренесува Франс прес, транс мастите се опасни по здравјето на луѓето бидејќи се таложат на ѕидовите на артериите и можат да доведат до нивно зачепување, тврдат експерти од наведената агенција.

Делумно хидрогенизираните масла кои се најголеми извори на транс мастите во процесираната храна, повеќе не се во категоријата на здрава се наведува во соопштението на Американската агенција за безбедност на храна и лекови ФДА. Наодите на ФДА се темелат на научни здравствени докази и наоди на здравствени експерти.

Пред да се реализира забраната агенцијата обезбеди период од два месеца за утврдување на деталите околу нејзината примена. Во меѓувреме ќе собира информации и за тоа колку време е потребно на прехранбениот сектор да ја спроведе забраната за употреба на вештачки транс масти во храната.

Ако планот на ФДА се реализира, транс мастите ќе се сметаат за адитиви и нема да можат да се користат во храната, освен ако официјално не се одобрат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top