Данска и Норвешка предложија да го транспортираат хемиското оружје од Сирија наменето за уништување. Предлогот го соопштија во заедничката изјава шефот на норвешката дипломатија Борге Бренде и на неговиот дански колега Расмус Хелвег Петерсен.
– Планираме заедничка операција по море, за да го гарантираме транспортирањето на сириското хемиско оружје надвор од Сирија. Изнесувањето на тоа оружје од Сирија е задача од огромна важност за меѓународната заедница, се вели во изјавата.
Во операцијата ќе се вклучат фрегати од военопоморските сили на двете земји, како и специјализирани товарни бродови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.