| четврток, 6 декември 2018 |

Органско млеко во македонските маркети?

Во српските маркети од денеска се продава органско млеко и други млечни производи. Производите се нудат под името „bello organic”, цените им се за 20 до 30% повисоки отколку на класичните млечни производи, а ги прозведува ИМЛЕК

Генералниот директор на ИМЛЕК, Слободан Петровиќ, вели дека не станува збор за измама.

„Добиваме по 17.000 литри органско млеко дневно и сето го преработуваме во органски производи“, им ркеол тој на новинарите.

Дел од производството ќе оди за извоз – во Романија, Унгарија, Австрија и Словенија, а планирано е до крајот на годината количините да бидат зголемени на 20.000 литри органско млеко на ден.

ИМЛЕК е сопственик на Битолската млекарница, па оттука останува отворено прашањето дали органски млечни производи ќе се прозведуват и во Македонија, со оглед на тоа што буџетот предвидува посебни земјоделски субвенции за ваков вид производство.

 Извор: економски.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top