
Беким Фазлиу, пратеникот на Демократската партија на Албанците настапи со отворен говор на омраза кон српската заедница во Македонија на 77. седница на Собранието.
Повод беше поставувањето на споменикот на Цар Душан во Скопје. Фазлиу при обраќањето искористи навредливи квалификации кон Србите и отворена омраза.На крајот од својот говор, Фазлиу се сврте кон пратениците на ДУИ, обраќајќи се зборовите, „прво да ги расчистиме редовите со нив, па после лесно ќе ни биде со вас“.
Фазлиу е познат по ваквите говори во Парламентот и по тоа што на почетокот од месец февруари го фрли Деловникот од говорницата кон празните столчиња. Фазлиу на крајот на септември годинава ја искина и програмата за одбележување јубилејни настани и значајни личности за 2013-та година и ја фрли кон претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


