Коашаркарите на Хјустон го израмнија рекордот на Орландо од пред 4 сезони, со 23 тројки во победата над Голден стејт со 140-109.
Предничеше Џереми Лин со 5 успешни обиди од вкупно 8 удари, а по 4 тројки дадоа Џејмс Харден и Чендлер Парсонс. Навивачите на Хјустон извикуваа „дајте уште една тројка“, но противничките кошаркари не дозволија да бидат дел од историјата во негативна смисла и со фаули во последните 3 минути од мечот, спречија „ракетите“ да стасаат до рекордната бројка од 24 тројки.
Победа, но со многу помалку поени забележа и Лос Анџелес лејкерс. и без центарот Двајт Хауард кој е повреден, Ел-еј славеа против Бруклин со 92-83. Брук Лопес од поразениот тим беше најефикасен со 30 поени, а кај Лејкерс Коби Брајант даде 21 поен.
Мемфис беше изненаден од Феникс на домашен терен и загуби со 90-96, а во останатите два меча Индијана беше подобра од Атланта и победи со 114-101, додека Денвер со пресврт славеше против Милвоки со 112-104. И тука имаше интересни бројки, а дури четвроица стартери кај поразениот тим имаа ист учинок од по 12 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст