Белгиската модна куѓа „А.Ф. Вандерворст“ во Хонг Конг ги претстави дијамантските женски чизми вредни околу 2,4 милиони евра. Најскапите женски чизми на светот се прекриени со слој од 39.083 дијаманти со сива и црвена боја, како и со полирани дијаманти со боја на шампањ, кои тежат 1.1550 карати.
Дијамантските чизми се изработени од најубава телешка кожа по нарачка на антверпенскиот светски дијамантски центар во соработка со златарницата „Диарог“ и познатиот дизајнерски двоец Ф. А. Вандерворст. Целиот процес на дизајнирање, шиење чизми и ставање дијаманти траел 30 работни часа, што може да се забележи според квалитетот на изработка и нивниот префинет и луксузен изглед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.