| четврток, 6 декември 2018 |

Грчките новинари пак на штрајк

A Greek journalist carries a placard, re

Советот на уредници од дневните весници во Атина објави дека донесле одлука за нов 24-часовен штрајк од денеска до утре изутрина.
Во штрајкот учествуваат новинари од националното радио и телевизија, атинската информативна агенција, главниот секретаријат за медиуми, локалните радио-станици како и во телевизискиот канал на парламентот.
Во соопштение се наведува дека „продолжува борбата за потпишување колективни договори“ и оти тоа се однесува на сите медиуми од државниот и приватниот сектор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top