| четврток, 6 декември 2018 |

Пазарна инспекција: Кај седум типа детски играчки најдено олово и формалдехид

igracki kinder jajca

Гумени топки, пластични камиончиња, кукли, багери, се само дел од листата со опасни играчки во Македонија. Во Институтот за јавно здравје велат дека годинава се направени 352 контроли, а кај седум типа играчки се пронајдени тешки метали и отровни материи. Според податоците на „Дневник“, Пазарниот инспекторат е на терен и во следните пет дена ќе ги проверува детските играчки што се изложени во продавниците.

„Кадифени мечиња со ѓердани или белезица кај куче-играчка се само дел од недостатоците кои ги откривме во првиот ден на контролата. Од продажба се отстранети и играчки кои имаат јаже со кое детето може да се задави. Иако декларацијата е добра, играчките се небезбедни за децата и издадовме решение да се отстранат од продажба“, вели, за весникот Фатмир Шехи, инспектор од Државниот пазарен инспекторат.

Според „Дневник“, дел од испитаните играчки имале отровна боја дел формалдехид над дозволената граница, а имало и такви што содржеле зголемено присуство на олово.

Ако сте решиле да купувате играчки, купувајте исклучиво во легални продавници и доколку видите несоодветна декларација или почуствувате несоодветен мирис, веднаш треба да реагирате.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top