Агенцијата “Ројтерс“ откри скандал од енормни големини, како според содржината така и според последиците што Соединетите Американски Држави би ги имале во иднина, доколку истиот не се истражи до крај, односно не се дадат значајни одговори за него или, пак не се посочат винивниците кои “успеаа“ да ги турнат САД на насловните страници на сите значајни медиуми во светот. Според изјавите на вработените во оваа агенција, и секако според мислењето на поголемиот дел од стручната јавноност, како во САД така и надвор од границите на Америка, овој скандал е еден од поголемите што успеал сериозно да ја потресе американската администрација, со интенција истиот да направи големо пореметување во рејтингот на американскиот претседател Барак Обама. Иако последната надворешно-политичка победа на Обама, односно историското потпишување на договорот со Техеран, го намали интензитетот на оваа афера, а го зголеми контото на обожаватели на американскиот претседател, сепак, според мислењето на повеќето аналитичари, прашање е на време кога оваа афера ќе се врати на главната маса, и кога повторно ќе ги завземе главните термини и страници во медиумите, особено што станува збор за пари, и тоа не било чии туку на граѓаните.
Големата победа на Обама со потпишувањето на шест месечниот договор со Техеран, за многумина е само една од темите за дефокусирање на јавноста, иако не е спорно дека станува збор за историски договор, кој веројатно ќе остане запишан како еден од позначајните успеси на Обама во неговиот втор претседателски мандат. Но, во исто време скандалот со Пентагон, според изјавите на вработените во “Ројтерс“ се чини дека нема намера да се тргне така лесно од агендата на медиумите, без оглед на можните последици што Пентагон би ги имал како институција, во која со години според истражувањата на јавното мислење ужива голема доверба кај граѓаните. Не е е спорно дека секоја афера се објавува во даден момент за истата да ја доживее комплетната ефикасност, но мерилата на тежината на одредени афери понекогаш не се мерат во експанзијата што ќе ја доживеат во јавноста, туку според тежината на последиците што ќе ги остават зад себе.
ПЕНТАГОН СИНОНИМ ЗА НЕТРАНСПАРЕНТНО ТРОШЕЊЕ НА ПАРИ
А парите се сила, парите се моќ. Но, ако истите не се користат правилно или се насочуваат погрешно, тогаш се случува токму тоа што му се случи на Пентагон. Само еден извештај покажа декаПентагон вооптш не бил способен да ги работи своите финансисики книги , при што одредени пари и набавки воопшто не биле заведувани, а финансиските книги биле замачкувани, при што се криеле милијарди долари потрошени бесцелно. Истражувањето на Агенцијата „Ројтерс“, кое го опфаќало периодот почнувајќи од 1996 година покажало дека 8.500 милијарди долари пари што биле на даночните обврзници,а кои Конгресот ги наменил за американскиот оддел за одбраната, никогаш не биле пресметани. Според одговорните што ги вметнувале бројките во книгите од одделот за финансии и сметководство на одбраната, воените агенции не успевале да изготвуваат чист месечен сметководствен извештај за парите што ги трошеле. Од тие причини ДФАС контактирал со соодветни службеници, со цел податоците да ги наштелуваат и да изгледаат веродостојно, но многу бројки останале мистерија. Во такви моменти на вработените им било кажувано да вметнуваат лажни податоци, кои би одговарале со тие на одделот за финансии, од каде што очекувале бројките да се поклопуваат.
Иако штимувањето на сметководтвените книги била стандардна процедура, истрагата на „Ројтерс“открила дека 565 милијарди долари од буџетот наменети за Пентагон во 2012 година било невозможно да се утврди на што тие се потрошени, иако предходно биула утврдена нивната намена. Петстотини милијарди билиони долари средства биле потрошени во нетранспарентни договори склучени со приватни компании, при што никој не може да утврди дали и колку за тие пари биле испорачани стоки и услуги. “Ројтерс“ констатира дека поради овие пропусти не страдал само националниот буџет. Во периодот меѓу 2003-2011 година армијата ја загубила трагата на шест милијарди долари во набавки, по што било контстирано дека некои армиски родови не ја добиле потребната опрема, поради што и немале соодветна обука, па веројатно и не можеле соодтветно да одговорат во итни ситуации.
Како последица на сето тоа, односно како намерна последица на несовесно водење на книговодството, се јавуваат не потребни набавки кои ги полнат магацините со разновиден инвентар, почнувајќи од авионски делови, па се до патенти за униформите. Воените магацини се преполни со делови, и тоа во време кога се затвораат воените мисии во Ирак и Авганистан, вклучувајќи ја и сарата воена опрема, која оддамна требала да биде уништена. Се претпоставува дека се работи за милијарди долари, чија трага не може да биде пронајдена, поради како што се посочува лошиот или несоодветниот систем на евиденција, кој патем речено е вреден милијарда долари.
ПОДУЧУВАЧИТЕ ПАДНАА НА СОПСТВЕНИОТ „СОФТВЕР“
И кога ќе се погледне оваа афера, која ни помалку ни повеќе вреди билијарди долари, прво што ни паѓа на памет, е како тоа може да му се случи, или поточно случува на едно Министерство за одбрана, кое во светот важи на најважно, и и припаѓа на најмоќната држава во светот. Истата онаа која извезува демократија, почитување на правата и се разбира закони, со кои се спречува криминалот, кои го прават граѓаните и одредени приватни фирми, туку и највисоките државни институции. Не ретко, односно речиси дваесет години европските и преставниците на Соединетите Американски држави, не подочуваат како да го сузбиеме криминалот во земјава, да го подобриме законодавтсвото со кое ни се гарантира намалување на стапката на криминал, и секако ни сугерира отворено да влеземе во борбата со криминалот, дури и кога истста доаѓа од условно речено најблиските соработници. Не можам да се сетам на бројката на одржани обуки за тоа како треба да се спроведува јавна набавка и какви се сигурносни и други методи треба да содржи истата, за да биде транспарентна, односно со едноставни зборови кажано не наместена. Или, пак, колкава треба да биде улогата на ревизорите кои го надгледуваат процесот, и одлучуваат за исправноста на целата постапка на тендерската документација. И не само овде. Вакви обуки дури се спроведуваа и за целиот балкански регион, бидејќи според перцепцијата на „поголемите“ од нас, ние балканците често знаеме да најдеме “дупка“ во законите, или врски во Владата, за да добиеме одреден тендер.
Ако една ваква афера се случува долги години во Министерството за одбрана, кое војува или може да војува со цел свет, при тоа брутално фалсификувајќи документи за набавки чии средства не им се знае крајот, со каква прецизност, или целообразност, тогаш можат истите тие да говорат за нашиот напредок, за нашите закони кои, патем речено се под постојано гледање под лупа и инспирација за менување поради нели нашето следење на светските и европските текови. Какви ли тогаш копенхашки критериуми исполнува Република Македонија за влез во Европската унија, или доближување со законите на најдемократската држава во светот, кога токму таму со години се случувало брутално затајување на финансии и фалсификување на документација.
Не можам да знам како американската јавност до крај ќе изреагира на оваа афера, особено поради факто што се работи за проневера на нивни пари од страна на државната власт, но можам да препоставам доколку нешто вакво се случи во Република Македонија, со каква прецисност странските емисари ќе дијагностицираат назадување во реформите, постоење на голем процент на криминал, и непочитување на законските регулативи. Од тука се прашувам дали по оваа афера Република Македонија слободно може да одржува обуки за спроведување на јавен тендер, и водење на документација согласно не толку скап и лиценциран софтверсо кој располага?Не сакам да се потсмевам на можностите на САД, но морам да потенцирам дека ужасно нервира кога некој што сам не си ја напишал својата домашна задача, се обидува вам да ве научи да ја решите или, да ви постави уште потешка равенка за која не знае дали воопшто има решение. Слично како со неодамнешната изјава на американскиот амбасадор во Република Македонија, Пол Волерс, кој не подучи дека враќањето или барањето на историските корени е речиси залуден пат на една нација.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст