
Поранешниот претседател на Јужноафриканска Република и предводник на апартхејдот, Нелсон Мандела, почина вчера по долго боледување на 95-годишна возраст. Како добитник на Нобеловата награда за мир и прв црн претседател, ќе остане секогаш запаметен посебно по неговите мудри изреки и цитати.
1. Тешкотиите можат да скршат човек, но и да направат. Ниту една секира не е доволно остра да ја пресече душата на грешник кој продолжува да се труди, грешник вооружан со надежта која ќе се возвиши на крајот.
2. Секогаш изгледа невозможно, додека не е направено.
3. Да можам да го вратам времето, би го направил истото. Како и секој човек кој се смета себе за човек.
4. Сакам пријатели кои имаат независен ум бидејќи прават да ги согледате проблемите од сите можни агли.
5. Вистинските лидери мора да бидат подготвени да жртвуваат сѐ за слободата на своите луѓе.
6. Фундаментална грижа за другите во нашите индивидуални животи и животите во заедницата е долгиот пат кон подобар свет за кој толку страствено мечтаевме.
7. Секој може да се возвиши над своите околности и да постигне успех ако е посветен и страствен за тоа што го работи.
8. Образованието е најмоќното оружје со кое можете да го промените светот.
9. Научив дека храброста не е отсуство на стравот, туку триумф над него. Храбриот човек не е оној кој не чувствува страв, туку оној кој го покорува стравот.
10. Да се биде слободен не значи да се ослободи некој од синџирите, туку да се живее на начин кој ја почитува и овозможува слободата на другите.
11.Лутината е исто како да пиете отров и да се надевате дека ќе ги убие вашите непријатели.
12. Водете од назад – и дозволете им на другите да веруваат дека се напред!
13. Не судете ми според мојот успех, судете ми според тоа колку пати сум паднал и пак сум застанал на нозе.
14. Ја мразам расната дискриминација најинтензивно, и сите нејзини манифестации. Сум се борел со сѐ во текот на мојот живот, се борам со неа сега и ќе се борам до крајот на моите денови.
15. Добра глава и добро срце се секогаш импресивна комбинација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


