Италијанските истражувачи откриле дека некои луѓе уживат повеќе во слатките отколку други бидејќи во нивните центри во мозокот стигнуваат пораки кои доведуваат до еден вид еуфорија при консумирање слатко. Мозокот на другите луѓе кои не се толку по слаткото реагира така што едвај го регистрира вкусот на „нездравите благи“. На овие луѓе им е полесно да се одвикнат од јадење слатко.
Истражувачите на Институот за клиничка физиологија во Пиза, Италија ги проучувале реакциите на мозокот на луѓето кои јадат чоколадо. Ја прателе реакцијата на мозокот кога им биле покажувани фотографии на кои имало чоколадни торти. Така откриле дека луѓето различно реагираат на одредени стимуланси.
– Забележавме намалена реакција кај некои луѓе и заклучивме дека тие помалку уживаат во слатките. Некому му требаат повеќе стимуланси за да почувстува задоволство, а некои слатки едноставно доведуваат до еден вид еуфорија и задоволство – велат истражувачите.
Претходните истражувања покажале дека масната храна и слатките може да бидат заразни како никотин и хероин. Но, исталијанските истражувачи истакнуваат дека во храната не постои нешто што создава зависност.
– Не постои специфична состојка во храната која би била одговорна за зависноста кај поголем број луѓе. Станува збор за нивната перцепција – заклучиле истражувачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.